Одложено судењето за убиствата на Вања и на Панче: На Палевски ќе му се суди заедно со другите обвинети

Макфакс

26/07/2024

14:20

1.522

Големина на фонт

а а а

Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје предложи одлагање на закажана главна расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Од кривичниот суд велат дека со оглед на тоа што истрагата против осомничениот Љупчо Палевски-Палчо е завршена, и ќе биде поднесено обвинение кое се однесува за истотото дело како и против четворицата други обвинети, а и доказите се истите, од ОЈО Скопје ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки.


Имајќи го предвид добиениот предлог на обвинителството, а заради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповика наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за отпочнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат известени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг