Американската актерка Тори Спелинг се присети на последниот разговор со нејзината колешка Шенон Доерти, која почина на 13 јули годинава.
За време на последната епизода на поткастот „90210MG“, кој го води со нејзината колешка Џени Гарт, Спелинг рече дека е „крајно благодарна“ што имала можност да разговара со Доерти за последен пат.
Да потсетиме, Спелинг и Гарт не беа во добри односи со Доерти за време на снимањето на серијата „Беверли Хилс, 90210“, но се обидуваа да ги надминат проблемите.
„Искусив многу смртни случаи и не верувам во каење“, рече таа, пренесува „Мирор“.
„Но, жалам што никогаш немав време да добијам втора шанса да ги поминам работите и да ги погледнам добрите работи и да го имам последниот разговор. Се чувствувам како јас и таа да го имавме тоа и многу сум благодарна за тоа“.
Гарт тогаш рече дека ѝ е жал што немала прилика последен пат да разговара со Доерти и да ги реши нивните минати проблеми.
„Размислував за тебе, Тори, и колку си среќна што си имала време со неа и што повторно си се поврзала на некој начин на подлабоко ниво, имајќи предвид дека и двајцата сте позрели, повозрасни“, рече Гарт.
#BeverlyHills90210's Tori Spelling mourns Shannen Doherty:
— TVLine.com (@TVLine) July 14, 2024
"I don't have outward words yet... but WE knew and that's what matters.
💔✨💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔
💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔
💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔
💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔💔
💔💔💔💔💔💔" https://t.co/bRNkMk3jHY pic.twitter.com/J2PVIHe04x
Тори истакнала дека позитивниот став и оптимизмот на Шенон Доерти во текот на нејзината долга борба ги навеле сите околу неа да поверуваат дека таа можеби и ќе успее да се извлече.
„Толку силно се бореше, беше таков воин … Низ целиот свој живот и кариерата покажа дека може да надмине сè“, истакнала актерката.
„Значи, иако знаеме дека тоа е едно зло, кое одзема сè што сакаме … Таа беше полна со надеж“.
Tori Spelling is 'super grateful' for final conversation with Shannen Doherty https://t.co/DaPvWhXlYk pic.twitter.com/c2Yaz5nFm4
— Mirror Celeb (@MirrorCeleb) July 24, 2024
Иако нивната врска ја одбележаа бројни расправии, Тори и Џени се простија од Шенон со емотивни пораки на социјалните мрежи.
Тори Спелинг беше една од првите кои јавно се простија од покојната актерка, споделувајќи неколку стари фотографии на „Инстаграм“, а во нивниот опис напиша:
„Шен … Ќе продолжам да го носам огнот. Ја преземам моќта! Ќе останам бунтовна за тебе. Те сакам со сето срце. Засекогаш.