Русија го запленува имотот на Хабиб! И’ должи 3.400.000 на државата, остана без „ѕверот“ во гаража и вртоглава сума на пари

Точка

25/07/2024

16:23

6.104

Големина на фонт

а а а

Руските власти почнаа да го запленуваат имотот на легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов. Тој должи 3, 4 милиони долари данок, а властите веќе почнале да му го одземаат имотот во Дагестан

Еден од најголемите борци на сите времиња, Хабиб Нурмагомедов се најде во сериозна неволја. Руските власти тврдат дека тој должи 3,4 милиони долари данок, кој настанал додека го промовирал боречките натпреварувања - Eagle FC.



Постапката против него започна на петти јули. Забрането му е да ја напушти Русија, но во тој момент тој не беше во земјата туку уживаше во фудбалските натпревари во рамки на европското првенство.

Две недели подоцна, судските извршители веќе започнале постапка за претрес на имотот поради претрес но и продажба.

Имотот на Хабиб во вредност од 900.000 долари е запленет. Тој остана без семејната куќа во Дагестан и богатата колекција автомобили.

Вистински „ѕверки“ се изнесени од неговата гаража. Тоа се Ferrari California T (300.000 долари), Mercedes – Benz AMG GT S (161.000 долари), Mercedes – Benz S – класа (122. 000 долари), BMW 7 (101. 000 долари), Toyota Land Cruiser (85.000 долари) и Toyota Tacoma (44.000 долари).

 

Ова е само дел од имотот без кој ќе остане. Во наредниот период судот ќе се обиде да го наплати преостанатиот износ односно уште 2.5 милиони долари.

Останува да се види дали ќе го плати овој износ или на крајот ќе изгуби се’ што стекнал.

Според податоците легендата на боречките вештини има доволно пари да ги исплати извршителите, со богатство од 40 милиони долари, меѓутоа од некоја причина не сака да плати 3,4 милиони долари за да го избегне одземањето на имотот.

Секако е интересно тоа што тој не се изјаснува на оваа тема. Тој е во Дубаи каде ги подготвува своите пријатели за следните предизвици во боречките вештини и ништо не коментира јавно.

Што ќе биде по неговото враќање во Русија останува да се види. Неговото апсење може лесно да се случи, а за сега неговиот имот е во рацете на државата.

Потсетуваме Нурмагомедов е еден од најдобрите борци на сите времиња, ја прослави Русија и Дагестан низ целиот свет и се повлече од спортот непоразен со скор од 29 – 0.

Меѓутоа од долговите кон државата никој не може да избега, патот и промотивните активности скапо чинеле дагестанецот, а зад себе оставија големи долгови.

Во следниот период би требало да се знае што ќе биде конечниот исход но моменталната ситуација не е најдобра, сумата е доста висока а сметките на Хабиб се блокирани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг