Таткото на Анџелина Џоли, бесен поради нејзината поддршка за Палестина: „Таа е под влијание на антисемитите“

Точка

25/07/2024

12:30

5.778

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Џон Војт во своето најново интервју се нафрли врз својата ќерка Анџелина Џоли која повеќе пати ја има искажано нејзината солидарност со палестинскиот народ.

„Изложена е на пропаганда. Таа е под влијание на антисемитите“ изјави Војт за магазинот „Variety“. Понатаму тврди дека на Анџелина не и’ се достапни „вистинските“ информации затоа што луѓето во Холивуд не зборуваат за такви теми.


„Тие се потполно исклучени. Немаат поим што се случува“, беа зборовите на Војт.

Но тој кажа и дека ја сака ќерка си и не би сакал да се кара со нејзе.

„Меѓутоа врз неа влијаеа Обединетите нации. Кога станува збор за човековите права од почетокот ситуацијата беше грозна. Тие тоа го нарекуваат човекови права, но тоа е само анти – израелско плукање“ вели актерот.

Тој исто така кажа дека е разочаран од тоа што неговата ќерка „не разбира оти целта на Хамас е уништување на државата на Евреите“.


Потсетуваме Џоли минатата година на инстаграм порача дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да служи како оправдание за изгубените животи во бомбардирањата на цивилите во Газа.

„Ова е таргетирано бомбардирање на заробено население кое нема каде да избега. Газа беше затвор на отворено речиси две децении и бргу преминува во масовна гробница, а 40 % од убиените се деца“ истакна Џоли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг