Фотографиите од Педро Паскал стана вирални по неговото појавување на Канскиот филмски фестивал.
Актерот пристигна на 78-от Кански филмски фестивал, каде што го промовираше филмот „Едингтон“, во режија на Ари Астер, кој доби петминутни овации од публиката. Педро позираше на црвениот тепих и им го даде на своите обожаватели токму она што го сакаа. Носеше црни панталони, елегантни чевли и црна маичка што ги истакнуваше неговите мускули.
Обожавателките го преплавија интернетот со коментари, пишувајќи колку го обожаваат актерот, но и неговите раце.
„Јас, кој го лајкувам секој твит за Педро Паскал откако пристигна во Кан“, напиша една обожавателка.
me liking every pedro pascal tweet since he arrived in cannes yesterday
— tarrin (@peetaspascal) May 17, 2025
pic.twitter.com/rV9fUOUKvk
„Како и да е, да се вратиме на важните работи… Педро Паскал дефинитивно можеше да биде во момчешки бенд од 90-тите“, напишала другa, а многумина се согласиле со нејзиното тврдење.
Но, се најдоа и некои навистина бизарни објави.
„Поради него најрадо би си ја прегризала сопствената рака“, напишала извесна обожавателка.
„Секој пат кога некој ме омаловажува затоа што сметам дека 50-годишен маж е секси, Педро Паскал го потврдува мојот избор така што изгледа уште позгоден од претходниот ден“, заклучила друга.
Да потсетиме дека актерот претходно позираше со својата колешка Ема Стоун на црвениот тепих во Кан кога беа прекинати од пчела која ја уплаши актерката, а Паскал успеа да ја избрка пчелата со мавтање со раката.