[ФОТО/ВИДЕО] Џенифер Лопез со тематска забава го прослави својот 55 роденден: Бен Афлек не беше присутен

Точка

25/07/2024

11:45

4.275

Големина на фонт

а а а

Таа на Инстаграм објави две фотографии од прославата. Ги ги покажа тортата и цвеќето што ги доби, а потоа им се заблагодари на обожавателите. Забавата беше организирана со тема од популарната серија Бриџертон, па така и Џеј Ло беше облечена во раскошна тоалета, како лик од серијата.

„Ги прочитав роденденските желби од целиот свет. Се насмеав и пуштив неколку солзи. Ги имам најдобрите обожаватели на светот, не можам ни да објаснам колку трогната и благословена се чувствувам што ве имам во мојот живот. Ви благодарам многу“, започна пејачката.

„Сè уште се чувствувам како девојка, полна со енергија и храброст да го завладеам светот, но сепак нежна и кревка. Сакам да знаете дека вие сте мојот најголем подарок. Освен моето семејство и пријателите, секогаш сте биле тука за мене. Во добри и лоши времиња, секогаш можам да сметам на вас за вашата грижа, разбирање, лојалност и - што е најважно - вашата љубов“, им порача Лопез.

Бен Афлек не дојде на прославата

Викендов таа славеше во својата вила во американското одморалиште Хемптонс.

Потоа објави фотографија во костим за капење. „Не ми се верува дека имаш 55 години. Стареш како убаво вино“, напишале нејзините обожаватели во коментарите.

Сепак, Лопез деновиве никаде не го спомна нејзиниот сопруг Бен Афлек. Магазинот „People“ пишува дека тој не се ни појавил на нејзината роденденска забава. Веќе подолго време се шпекулира за нивен развод, но парот се уште нема официјално соопштение. Тие неодамна ја ставија на продажба својата вила во Беверли Хилс, по што сомнежите се засилија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг