[ФОТО] Кејти Холмс снимена со модринки и отоци, ги загрижи своите фанови

Точка

25/07/2024

08:51

4.900

Големина на фонт

а а а

Актерката Кејти Холмс е фотографирана во Њујорк со модринки и отоци под очите, што ги загрижи нејзините обожаватели.

Американските медиуми го контактирале нејзината менаџерка за овие фотографии, но таа сè уште не одговорила.


Инаку, Кејти одамна се повлече од јавниот живот и е целосно посветена на својата работа и на воспитувањето на нејзината ќерка Сури, која ја имаше во брак со Том Круз.

Таа неодамна откри дека наскоро ќе ѝ се придружи на актерската екипа на криминалната серија „Poker Face“ заедно со Наташа Лион.


Неодамна беше објавено дека Сури се откажала од презимето на нејзиниот татко, а Кејти целосно ја поддржа нејзината одлука. Тие веќе долго време немаат никаков контакт со Том, кој ги напуштил затоа што не сакале да се приклучат на Скиентолошката црква.

"Само сакам да и дадам до знаење на ќерка ми дека е сакана. Се обидувам да ја научам на добри манири на патот", изјавила Кејти претходно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг