Кексите од кокос се вкусен десерт за чија подготовка се потребни само 30 минути и 4 состојки.
Нивното потекло потекнува од Германија, каде ги нарекуваат Kokosmakronen. Во некои верзии на популарниот рецепт се додава чоколаден прелив или сок од лимон.
Потребни состојки:
- 250 гр. кокос
- 200 гр. шеќер
- 4 белки
- една кафена лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Со миксер матете ги белките во цврст снег 5 минути. Потоа додадете една кафена лажичка екстракт од ванила и изматете. Постепено додавајте го кокосот и шеќерот и продолжете да матите.
Кога ќе изматите сè, смесата можете да ја вадите со лажица и да ја редите во тепсија обложена со хартија за печење или да користите ќесичка за шлаг. Кексите печете ги отприлика 20 минути во загреана рерна на 150 степени. Кога ќе поруменат, извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат пред да ги послужите.