Се огласила сопругата на Албанецот кој уби српски полицаец! Таа е пејачка и ќерка на припадник на ОВК! Упатила страшни зборови

Точка

23/07/2024

22:51

17.142

Големина на фонт

а а а

Фатон Хајризи беше убиен во Лозница откако српската полиција трагала по него поради убиство на граничниот полицаец Никола Крсмановиќ и ранувањето на неговиот колега Вјекослав Илиќ. Неговата сопруга, инаку албанска пејачка, Лиридона Шаља, се огласила за албанските медиуми и истакала дека не верува во смртта на својот сопруг додека не го види неговото тело.

Лиридона на телевизиска емисија се претставила како сопруга на Хајризи, меѓутоа, тоа што е помалку познато во јавноста, е дека таа е ќерка на Ремзи Шаља, поранешен припадник на ОВК, обвинет за киднапирање на цивил од албанска националност за кого постоело сомнеж дека соработувал со Србија.

По овој повод таа преку социјални мрежи упатила порака до својот татко, обраќајќи му се по повод смртта на нејзиниот сопруг, повеќекратен убиец, како неодамнешната трагедија да не се ни случила кога Хајризи убил полицаец во Лозница.

„Тато, ми недостасуваш да бидеш тука, твојот зет го убија Срби, но приказната ќе продолжи“, напишала албанската пејачка.


Кој бил таткото на Лиридона Шаља?

Рамзи Шаља, попознат и под прекарот Црвено Јаболко, е обвинет за воени злосторства, а според обвинението се наведува во 1998-ма година заедно со други припадници на ОВК, го фатил Хаџи Петреши во неговата куќа, бидејќи постоело сомнение дека соработува со српските сили.

Таа потоа се огласила и преку албанските медиуми, спомнувајќи го сопругот Фатон. За потсетување, Хајризи се пуштил во бегство откако го убил српскиот полицаец, а кога српските специјалци го затекнале во селото Трбушница, тој испукал девет куршуми кон нив, по бил совладан и неутрализиран.


„Сакам да го видам неговото тело. Фатон беше со мене на мојот последен роденден, а потоа се предаде. Разговаравме дури и кога беше во бегство. Нашиот план беше да забременам и да се вратиме на нормалниот живот. Не можам да поверувам дека го нема. Не знам кој му ја полнел главата“, рекла таа.

Лиридона неодамна објавила досега невидена фотографија од Фатон, на која заеднички позираат со неговите родители, меѓутоа, таа тврди дека сите се во шок и дека го чекаат телото на Фатон, бидејќи, како што вели, само тоа ќе ги увери дека тој е навистина мртов.

„Слушнав дека треба да поминат две недели за телото да биде транспортирано во Албанија. И неговите родители и јас сме сè уште во шок“, рекла албанската пејачка.


Злосторството кое го изврши Хајризи, потсетуваме, се случило на 17-ти јули нешто пред полноќ при контрола на возила на контролен пункт во Липнички шор во Лозница. Полицајците Никола Крсмановиќ и Вјекослав Илиќ го сопреле возилото со тутински таблички, марка „Mercedes“, со кое управувал таксистот Митхат Хаџиќ, кога лицето кое било во тоа патничко возило испукало оган во нивна насока. Младиот Крсмановиќ починал од здобиените повреди, додека неговиот постар колега се здобил со тешка повреда.

Убиецот потоа побегнал, а на самото место полицијата пронашла пасош издаден од страна на Косово на име Хајризи Артан и германска лична карта. Меѓутоа, набрзо после тоа, од Германија се огласил Хајризи, велејќи дека брат му Фатон му ги украл документите, што потврдил и нивниот татко. До пресврт дошло кога припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија го пронашле убиецот кој одбил да се предаде, пукал во полицајците при апсењето, по што бил ликвидиран на самото место, во напуштена фабрика во близина на местото каде го извршил злосторството.


Министерот за полиција и потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, се огласил потоа за медиумите, велејќи дека убиецот на Крсмановиќ е ликвидиран, а дека од Германија се бара во Србија да се екстрадира Артан Хајризи, братот на Албанецот кој пукал во Лозница поради лагите кои ги изнел во јавноста по повод кражбата на документи.

„Братот на Фатон лажеше дека овој му ги украл документите. Тој му ги пратил во Србија“, рекол Дачиќ.

Инаку, Фатон е осуден за убиство на руски војник, припадник на КФОР, пред две децении кај Дреница. Фатон дури девет пати бегал од затвор, а последен пат тоа го направил пред неколку дена кога од затвор во Косово се упатил во Србија.