Неколку барови на плажа се затворени во последните неколку дена во Грција поради кршење на законот.
Имено, многу луѓе поставиле лежалки на плажите кои воопшто не ги изнајмиле.
„Во последните пет дена властите во Грција примиле над илјада поплаки за прекршоци од баровите на плажа. По тој повод, инспекцијата затвори неколку барови на плажа кои имаа поставено лежалки на плажите кои воопшто не ги изнајмиле“ - пренесува „Nikana.gr“.
Казни во износ од 350.000 евра се изречени и за други угостителски објекти
„На Халкидики има најголем број поплаки од граѓаните за непочитување на правилата, а причината за тоа се веројатно најголемиот број плажи на мала површина. Тие, сепак, заклучија дека состојбата на плажите е многу подобра од претходните години ставајќи ги на сила новите мерки, во смисла дека има многу повеќе слободен простор за посетителите со сопствена опрема. Дали и вие го забележавте тоа?“ – додаваат од „Nikana.gr“
Да потсетиме, Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што може да се изнајми повеќе не може да надминува 50 отсто од вкупната површина на плажата.
Дополнително, дигиталната апликација им овозможува на граѓаните директно да пријават прекршоци, а ситуацијата ќе се следи преку дронови и сателитски снимки. За прекршителите се предвидени казни, а за оние кои ќе ја надминат границата на доделената површина казната е четири пати поголема од цената на месечниот закуп, а сета незаконски поставена опрема мора да се отстрани во рок од 48 часа.