Кевин Де Брујне скоро една деценија е дел од Манчестер Сити, но времето минута и од сезона во сезона не е толку значаен за екипата, поточно тренерот Пеп Гвардиола може да најде и други решенија да не се почуствува неговото отсуство што секако не беше случај во минатото.
Меѓутоа Де Брујне е ас од светска класа и секогаш кога е фит, подготвен знае да направи разлика на теренот, помогне да се остварат посакуваните цели. Тој има договор до 30 јуни 2025 година што значи дека влезен е во последната година, па во изминативе денови имаше доста информации за негова можна преселба во Саудиска Арабија.
Кевин во блиското минато има изјавено дека е отворен за таква опција ако стигне примамлива понуда која може да му го промени животот на него, семејството и најблиските што секако е јасен сигнал дека би кажал „ДА“ за таква една аавнтура.
Ама засега нема да има реализација на таков потег и тоа го потврди тренерот Пеп Гвардиола.
- Не, Кевин нема да си замина, - истакнал Шпанецот.