Интер играше навистина импресивно во минатата сезона во Италија каде ја пронајде вистинската форма, рамнотежа и на доминантен начин дојде до Скудетото.
Клубот продолжува да влече паметни потези и во овој преоден рок, носи играчи кои се проверени, докажани и кои дефинитивно ќе имаат што да понудат, помогнат во остарување на зацртаните цели.
Секако се уште има доста време во актуелниот трансфер прозорец и можат да се случат нови моменти, потези, но Интер размислува и подалеку и внимајтелно ја прати ситуацијата со ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза.
Офанзивецот веќе влезе во последната година од договорот и како што стојат работите „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него летово. Интер пак внимателно ја следи ситуацијата и според „Кориере Дела Сера“ има сценарио во кое би го привлекле Италијанецот наредната година, ама како слободен фудбалер.
Навистина е тешко да се помисли дека Јуве би дозволил вакво сценарио, да истече договорот и Киеза да се пресели на „Џузепе Меаца“, ама Интер во своите редови има трансфер генијалци, оперативци како Марота, Аузилио, па ниту едно сценарио не е исклучено.