Квалитетот на сонот зависи од 24-часовниот ритам кој го регулира циклусот на спиење. Дневниот ритам влијае на ослободување на хормоните, навиките во исхраната, телесната температура и метаболизмот.
Ако не можете да заспиете дури и кога сте уморни, можно е нешто да ви го нарушило вашиот дневен ритам и ослободувањето на хормонот мелатонин, хормон кој го создава епифизата, мала жлезда во средината на мозокот.
Одамна е познато дека мелатонинот е регулатор на дневно-ноќниот ритам и дека неговото лачење зависи од наизменичното менување на денот и ноќта. Мелатонинот се лачи исклучиво и само во текот на ноќта и темнината, а поттик за неговото лачење е престојот на сончева светлина. Затоа, мозокот мора да ја добие информацијата дека денот завршил и ноќта започнала за да се создаде мелатонин.
Изложеноста на вештачка светлина во текот на ноќта и постојаното будење се поврзани со хронични болести како што се дебелина, кардиоваскуларни болести, како и анксиозност и намалена моќ за учење и помнење. Познато е дека луѓето кои живеат во држави со помалку сончева светлина во текот на зимата имаат повисоки стапки на депресија.
Дали секоја вечер ја поминувате на телефон или гледајќи ја омилената серија која ќе ве заспие? Ако одговорот е „да“, време е да ги регулирате тие навики.
За да го регулирате дневниот ритам, а особено да избегнете проблеми со спиењето, лекарите препорачуваат да се обидувате да заминувате во кревет секоја вечер во исто време. На овој начин ќе создадете навика, а нашиот организам обожува навики бидејќи тоа му помага самиот да одреди кога треба да спие.
Неколку часа пред спиењето не треба да користите никаква технологија како што се мобилни телефони, таблети или телевизор. Во текот на денот треба редовно да излегувате надвор за да ја добиете потребната количина на сончева светлина.