Ламин Јамал е играч кој е новата ѕвезда ѕвезда на светскиот фудбал, играч кој иако е само тинејџер веќе е незаменлив во првата постава како на Барселона така и на шпанската репрезентација.
По одличната сезона за Барса тој блескаше и за националниот тим на Европското првенство каде Шпанија стана шампион, а тој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на турнирот.
Сите фудбалски работници, легенди се воодушени од офанзиевцот, а таков е случајот и со Ерик Кантона кој едноставно го обожава талентираниот ас.
- Се восхитувам на стилот на игра на Шпанија и да се има играч како Јамал е вистинско уживање затоа што никогаш не знаеш што ќе направи. Тој секогаш кога ќе зачекори на теренот ги изненадува сите со своите вештини. Неговата визија, техника и одлучување се врвни. Апсолутно го сакам, - истакна Кантона кој додели и еден совет за членот на Барселона.
- Мој совет е да уживате во играта, да имате страст за фудбалот и вистински да го сакате спортот. Топката треба да биде ваш пријател, а да се има таа посебна врска со неа е навистина магично. Топката не е ваш непријател. За жал, многу играчи на тоа гледаат така. Кога гледате како игра Ламин Јамал, можете да видите дека тој се однесува со топката како пријател, можеби дури и како брат, - вели Французунот.