[ВИДЕО] Брачен пар потрошил 17.000 евра за да си го реновира станот, па добиле невидени закани: „Бевме шокирани од она што следеше“

Точка

21/07/2024

11:33

10.474

Големина на фонт

а а а

Еден пар потрошил 17.000 евра за преуредување на стар стан во Рим. Меѓутоа, кога на социјалните мрежи го споделиле процесот на реновирање, биле шокирани од коментарите во кои им било порачано дека ја „уништиле“ старинската атмосфера на куќата.

Флавио Фабијани го наследил станот од неговата покојна тетка, која во последните години се борела со деменција. Во него имало дури и куклли во природна големина кои лежеле наслонети на лежалки. Сепак, најлошо било бањата. Таму, Фабијани бил пречекан од море лебарки кои се вовлекле низ цевките кои не биле исчистени повеќе од деценија.

Реновирањето на стан на трет кат од зграда без функционален лифт не била лесна задача – особено затоа што тоа било неговиот прв соло проект како архитект.


Од мај до август, тој работел заедно со изведувачите како би го претворил во дом за него и неговата долгогодишна девојка Викторија Крапарота, а проектот го чинел приближно 17.000 евра, пишува „MSN“.

Речиси една година подоцна, Фабијани одлучил да го сподели реновирањето во интересно ТикТок видео со снимки пред и потоа. Не очекувале дека ќе добијат, како што ги нарекле „смртни закани“ во коментарите кои ја критикуваат нивната одлука да го модернизираат домот.


Коментарите на видеото, кое собрало над 7,4 милиони прегледи, се движеле од луѓе кои тврделе дека ја „уништиле куќата“, до корисници кои им рекле дека ја претвориле во „Airbnb“ без личност.

„Бевме шокирани од реакциите“, изјавил Фабијани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг