Славната мајка на сметката има 850 милиони, а синот гладува и едвај преживува: „Гладен си и тогаш сфаќаш дека немаш пари ниту за парче леб“

Точка

20/07/2024

19:32

12.226

Големина на фонт

а а а

Синот на Мадона, Дејвид Банда, бил „принуден да проси за храна“ откако се иселил од домот на неговата мајка.

Банда, 18-годишниот музичар, кралицата на попот го посвоила со нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи во 2006 година. Банда е од Малави, а во периодот на посвојувањето имал една година.

Тој денес се обидува да тргне по стапките на мајка си. Со Мадона настапувал и на нејзината турнеја „Celebration“, која била многу успешна и покрај бројните проблеми.


Иако и другите браќа и сестри придонеле за турнејата, Дејвид деноноќно бил покрај мајка си. Исто така, често ја придужувал на социјални настани и секогаш имале само убави зборови еден за друг.

Дејвид Банда неодамна почнал да живее со својата девојка Марија Атуеста, која е три години постара од него и за која американските медиуми пишуваат дека е „перспективен модел“.

Дека нема доволно пари за храна, открил на социјалните мрежи. Додека, (тоа не го кажал тој, туку неговите следбеници), мајка му има повеќе од 850 милиони долари на своите сметки.

Во разговор во живо со своите фанови на неговиот „Инстаграм“ профил, Банда одговорил на прашањето како се осамостоил:


„Ја сакам. Не сум сам, бидејќи мојата девојка е со мене. Сепак, ми се допаѓа независноста. Прекрасно е искуството кога ќе видите дека е 9 навечер, гладни сте и сфаќате дека немате доволно пари за храна, па тргнувате во потрага по нешто. Забавно е да се биде млад.

Своите зборови не ги образложил дополнително, па многумина се прашуваат дали се работи за сарказам и шега или поп-дивата навистина го оставила синот да се снаоѓа како знае и умее или можеби неговата желба за независност резултирала со кавга.


Судејќи по неговите профили на социјалните мрежи, Банда го финансира својот самостоен живот така што свири со пријателите, но и држејќи часови по гитара.

Во истиот разговор во кој се жалел на гладта, Дејвид ги известил следбениците дека неговата мајка не е сама, но не го открил идентитетот на таа личност.


„Не е сингл, има партнер. Но, тоа е нејзин живот. Таа го прави она што го сака“, зборувал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг