Овој превртен колач со праски е одличен летен десерт кој е превкусен, а уште еден плус е тоа што едноставно се подготвува.
Потребни состојки:
- 60 гр. путер
- 100 гр. жолт шеќер
- околу 400 гр. праски
За тесто:
- 200 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 115 гр. путер
- 150 гр. шеќер
- 1 јајце
- екстракт од ванила
- 120 мл. млеко
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во мал плех за печење со димензии 20 x 20 цм. ставете 60 гр. путер и ставете го во рерна да се растопи. Извадете го од рерна, додајте го шеќерот и промешајте за да се растопи. Одозгора наредете ги излупените кришки праски.
2. За тестото измешајте брашно, прашок за пециво и сол во еден сад. Посебно изматете ги путерот и шеќерот, и додајте го јајцето и екстрактот од ванила. Наизменично додавајте брашно и млеко. Изматете ја смесата и прелијте ја врз овошјето. Печете околу 40 минути.
3. Печениот колач оставете да се излади околу 5 минути. Потоа со остар нож одвојте ги рабовите на тестото од плехот и превртете го колачот на чинија за сервирање.