Хаос ширум светот! Проблеми и на Балканот: Масовен технички дефект ги погоди аеродромите, банките, медиумите и продавницата, застанало сè

Точка

19/07/2024

12:26

13.239

Големина на фонт

а а а

Голем број на институции ширум светот, вклучувајќи големи банки, телекомуникациски компании, медиумски куќи, авио-превозници и продавници, имаат проблеми откако ги погоди масовен технички дефект.

На многу компјутери ширум светот на оперативниот систем „Windows“ се појавил „син екран на смртта“.

- Извештаи за ИТ прекини доаѓаат од целиот свет

- Големиот прекин веројатно е поврзан со оперативниот систем „Windows“ на компанијата „Microsoft“, поточно со неговото ажурирање

- Пријавени проблеми и на Балканот

- Повеќе аеродроми во Велика Британија и ширум светот пријавуваат доцнење, а некои летови се откажани

- ВО САД, главните авио-компании ги откажале сите летови

- Во Австралија се погодени аеродроми, продавници и комуникациски системи

- „Microsoft“ вели дека продолжува да се занимава со „трајното влијание“ на прекинот на работата

11:39 – Се огласи белградскиот аеродром

Се огласи аеродромот „Никола Тесла“. Од таму откриваат дека ќе има поместување на летови од нивниот аеродром.

11:23 – Аеродромот во Берлин ги откажал летовите

Аеродромот во Берлин ги откажал сите летови поради технички дефект, рекол за „Reuters“ портпаролот на аеродромот.

Портпаролот не сакал да каже од која природа е проблемот, кој се случил во момент кога авио-превозниците, медиумските компании, банките и телекомите ширум светот пријавуваат пад на системите.

11:11 – Извесни отстапки на летови на „Air Serbia“

Глобалните технолошки проблеми со софтверот кој ги погоди авио-компаниите, банките и медиумите ширум светот, се одразиле на работата на некои аеродроми до кои лета „Air Serbia“.

Можни се големи отстапки од планираниот ред на летање.

10:56 – Проблеми и за Олимписките игри во Париз

Организацискиот комитет на Летните Олимписки игри во Париз соопштил дека е погоден и компјутерскиот систем на Игрите само една недела пред нивниот почеток, но истакнал дека има планови за вонредни ситуации, пренесува „Reuters“.

10:47 – Проблеми на многу аеродроми

Проблеми се забележани во компјутерските системи на аеродроми во Јапонија, Индија, Велика Британија, Холандија, САД, Германија, Франција, Шпанија, Белгија, Нов Зеланд.

Јапонскиот аеродром Нарита, кој се наоѓа на околу 60 километри од Токио, соопштил дека авио-компаниите „JetStar‘, „Jeju Air“, „Quantas“; „HK Express“ и „Spring Japan“ имаат проблеми со своите системи.

Аеродромот во Њу Делхи соопштил дека некои негови услуги привремено се погодени по проблеми во компјутерскиот систем.

10:35 – Британски „Sky News“ не работел неколку часа

Британски „Sky News“ повторно се емитува по прекинот кој траел неколку часа, но неговиот водител рекол дека каналот за вести работи со минимален капацитет и без многу од своите вообичаени услуги.

Две водителки читале сценарио од хартија, а една Ана Џонс, рекла дека не се во можност да се поврзат со ниеден од гостите надвор од студиото.

10:22 – Син екран на смртта

Имало извештаи кои сугерираат дека компанијата за сајбер безбедност со име „Crowdstrike“, која произведува антивирусен софтвер, издала ажурирање на софтверот кое тргнало ужасно наопаку – што предизвикало син екран на смртта на компјутерите.

„American Airlines, кој е најголем во светот по бројот на патници, за „BBC“ вели дека не е дозволено полетување на авиони и дека е во контакт со сите летови кои моментално се во воздух.

Велат дека „IT“ проблемите се поради технички проблем со „Crowdstrike“ кој влијае на повеќе оператори.

10:01 – Се огласи „Microsoft“

Компанијата „Microsoft“ денеска соопшти дека презема акции за ублажување на проблемите кои ги пријавуваат корисниците, а поради кои компаниите и банките ширум светот престанале да функционираат.

На екраните на сите кои претрпеле прекин и потешкотии во работата се појавил син екран на смртта.

09:51 – Проблеми ширум Европа

Воздушниот сообраќај на аеродромот во главниот град на Германија, Берлин, е сопрен денес до 09:00 часот по средноевропско време, а и сите аеродроми во Шпанија пријавиле инциденти поради технички проблеми, пренесува „BBC“.

Берлинскиот аеродром на платформата „X“ соопштил дека летовите доцнат поради технички проблеми.

Во Шпанија инциденти биле пријавени на сите аеродроми, наведува „BBC“.

09:49 – „Crowdstrike“: Знаеме во што е проблемот

Софтверската компанија за кибернетичка безбедност „Crowdstrike“ објавила дека го идентификувала проблемот кој стои зад денешниот масовен, глобален прекина на работата на системот „Windows“

09:42 – Проблеми и во Австралија

Низа австралиски компании, банки, медиуми и авиокомпании денеска пријавиле дека се изложени на масовни сајбер напади.

Летовите се откажани на аеродромот во Сиднеј, во супермаркетите настанала хаотична ситуација, а програмите на ТВ мрежите биле нарушени по падот на компјутерските системи, пренесува „BBC“,

09:38 – Прекин на работата и во Британија

Главната британска железничка компанија ги предупредила патниците да очекуваат пречки поради широко распространет ИТ проблем.

Сите четири брендови на „Govia Thameslink Railwaya“ – Southern, Thameslink, Gatwick Express и Great Northern – се огласиле на социјалните мрежи. Нашите ИТ тимови активно истражуваат за ја утврдат главната причина за проблемот.

09:33 – Проблем во „Microsoft“

Причината за нарушувањата во ИТ секторот не е јасна, но многумина кои се погодени се јавиле во „Microsoft PC“,

Компаниите како „JetStar“ и „Virgin Airlines“ пријавиле проблем во врска со „Microsoft“,

„Microsoft“ цели дека презема акции за ублажување по проблемите со сервисот, пренесува агенцијата „AP“.

На официјалната страна „Microsoft 365“ е објавено дека се истражува прашањето поврзано со можноста корисниците да пристапат на нивните различни услуги и апликации.

Банки и компании како „Telstra“ и „Google“ исто така регистрирале потешкотии.

09:21 – Проблеми и на берзите

Платформата на Лондонската берза доживува прекини

09:14 – Откажани летови во САД

Сите летови во неколку американски авио-компании, вклучувајќи ги „Delta, United и American Airlines“ биле прекинати денеска поради проблеми во комуникацијата, соопштила федералната управа за воздухопловство.

Приземјувањето влијае на сите летови на авио-компаниите, без оглед на нивната дестинација, соопштила „FAA“, пренесува „CNN“. Не е јасно колку долго ќе трае прекинот.