[ФОТОВИДЕО] Oва езеро е едно од најубавите природни скапоцени камења: Го нарекуваат српското Малдиви и природата навистина е нереална – но, на ова место е и најморничавата глетка на светот

Точка

18/07/2024

18:32

12.092

Големина на фонт

а а а

Западна Србија е регион со исклучително развиен туризам, од клисурата Каблар, преку реката Дрина, Златибор, Златар, Увац, Тара – каде и да одите, ќе откриете неверојатни природни убавини достојни за восхит.

А една од најомилените локации во овој дел од Србија секако е Перуќац.

Имено, едно од најголемите езера во Србија се наоѓа токму на самата граница со Босна и дел од него преминува и на нејзина територија.


Од своето создавање во 1966 година, по изградбата на брана за потребите на хидроцентралата Бајина Башта, езерото станало вистинска туристичка атракција.


Каде се наоѓаат српските Малдиви?

Се наоѓа во природниот свиок на кањонот на реката Дрина, помеѓу населбите Бајина Башта и Вишеград и ја опкружува планината Тара. Вкупната површина на езерото е 12,5 квадратни километри и се наоѓа на надморска височина од 290 метри.


Погодно е за пливање и риболов, а богато е со разни видови риби како што се: платика, мрена, крап, сом, лињак …


Најпосетуван настан во близина на ова езеро е Дринската Регата, која се одржува секоја година во јули. Започнува во Перуќац, а завршува по 25 километри во населбата Рогачица.


Поради многубројните сплавови кои се наоѓаат на брегот на езерото, од неодамна го добило името српско Малдиви, а кога се набљудува од птичја перспектива, станува јасно зошто тоа е така!

Проблем кој мора да се искорени

Покрај сета своја убавина да ја погледнеме и негативната страна, а тоа е дека ова езеро, покрај сите корисни и интересни содржини се користи и за депонирање на отпад!

Како што пренесува РТС, од езерото Перуќац секоја година се отстрануваат околу 5.000 кубни метри отпад – главно пластична амбалажа и гранки кои се акумулираат во близина на браната како вистинска депонија за целиот дрински слив.


Иако секоја пролет за чистење се ангажираат околу 20 луѓе, во текот на летото 5 до 6 работници, а специјален брод речиси постојано крстари, езерото е заробено од отпад. Често се започнуваат различни активности за чистење на отпадот, но тој никогаш не се чисти до крај.

Ова само укажува дека е неопходно да се активираме на национално ниво, да ја разбудиме свеста на општеството и да почнеме да обрнуваме поголемо внимание на нашата околина!