Слатко момче на плажа во Хрватска ја коментираше жештината што го зафати регионот последните денови и ги насмеа сите со одговор со кој многумина се поистоветија.
Имено, социјалните мрежи ги освои видео од едно дете од плажата во Селц кај Цриквеница, кое за хрватската телевизија РТЛ дава свој коментар за високите температури.
"Толку ми е жешко. Мислам дека е 60 степени и си мислам дека се топам како сладолед", вели малото момче.
Многумина се идентификуваа со неговиот одговор во последните денови, а видеото набрзо го освои интернетот.
Инаку, се работи за репортажа од емисијата на „RTL Danas“, која известува за условите на крајбрежјето каде туристите не можеле да најдат освежување ниту во морето, чија температура е на пример, во Цриквеница била 29 Целзиусови степени.
Во регионот, а и кај нас се очекува намалување на температурите од овој викенд.