Оваа намирница ви помага да го подобрите расположението - доволно е да јадете 30 грама дневно

Точка

18/07/2024

10:14

4.702

Големина на фонт

а а а

Доколку имате проблеми со лошото расположение, добрата вест е дека една намирница навистина може да ви помогне.

„Една од клучните намирници кои можат позитивно да влијаат на нашето расположение се јаткастите плодови. Само 30 грама јаткасти плодови дневно може значително да го подобри нивото на серотонин во мозокот, што е поврзано со чувството на среќа и задоволство“, вели нутриционистката Ана Сенчиќ.

Таа наведува дека јаткастите плодови се полни со есенцијални масни киселини, протеини и минерали. Меѓу нив се магнезиумот и цинкот, кои учествуваат во регулирањето на расположението.


„Освен тоа, тие се природен извор на антиоксиданти кои можат да помогнат да се намали стресот и да се подобри целокупното ментално здравје“, вели нутриционистката.

Имајте на ум дека треба да консумирате јаткасти плодови како дел од урамнотежената исхрана. Комбинирајте ги со овошје, зеленчук и други здрави намирници.

„Важно е да се напомене дека среќата не е само за исхраната, туку и за целокупниот начин на живот. Заедно со редовната физичка активност, доволниот сон и позитивните меѓучовечки односи, малото додавање на јаткасти плодови во исхраната може да биде чекор кон секојдневната благосостојба“, заклучува Сенчиќ.