Камила слави 77-ми роденден, а погледнете како изгледала во младоста

Точка

17/07/2024

15:40

7.628

Големина на фонт

а а а

Кралицата Камила веќе со години ужива голем углед и спаѓа во најсаканите членови на британското кралско семејство.

Британската кралица Камила, сопруга на кралот Чарлс Трети, денеска слави 77. роденден, пишува „Glossy“.

Бројни членови на кралското семејство јавно и го честитале роденденот и ѝ посакале да има среќен ден, а меѓу нив и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцезата и принцот од Велс.

Young Camilla Shand before she became Camilla Parker Bowles and then married Prince Charles

Posted by The Royal Families on Sunday 9 October 2016

Кралицата Камила веќе со години ужива голем углед и спаѓа во најсаканите членови на британското кралско семејство.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека Чарлс во текот на бракот со неа ја изневерувал принцезата Дајана, Камила во младоста важела за вистинска заводничка, па никој не бил изненаден кога се појавиле гласини дека Чарлс, тогаш престолонаследник, е во врска со млада девојка која се движела во највисоките социјални кругови.

Имала неколку љубови кои го одбележале крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години, а со само 17 години била главна ѕвезда на секоја на секоја поважна забава во 60-тите.

Како на што Џесика Џејн, авторката на книгата „Војвотката од Корнвол, нејзините приказни и тајни“, и рекол Кевин Бурк, некогашно момче на кралицата Камила, таа била одлично друштво за забава и сите сакале да бидат во нејзина близина.

„Секоја вечер ќе испиевме по два или три коктели и ќе одевме на танц, имавме избор од неколку игранки за викенд. Тоа беше најдобрата забава, а јас ја имав најдобрата партнерка која можеш да ја посакаш. Камила беше многу популарна, и иако не беше убавица, беше многу привлечна и секси“, рекол тој.