Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, дознава ТВ21.
Околу 19 часот во село Орман до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ со нанесена повреда во пределот на главата.
Тој бил пронајден до неговото возило марка „Лексус“ со раскрвавена глава. Биле пронајдени до него и пиштол и чаура.
Кога бил пронајден Радомировиќ давал знаци на живот и со итна помош бил пренесен на скопските клиники, но таму им подлегнал на повредите.