[ВИДЕО] Балканец „полудел“ поради цените во Хрватска – Упатени гневни зборови: „Никогаш не било полошо, не можете да се збогатите преку ноќ!“

Точка

15/07/2024

20:01

8.552

Големина на фонт

а а а

Туристичката сезона во Хрватска оваа година доживеа значителен пад, а многумина тврдат дека високите цени се клучната причина за овој неуспех.

Како што наведува извесен тиктокер на својот профил, се чини дека летната сезона во Хрватска пропаѓа поради високите цени, каде и да се свртите.


„Сите зборуваат за тоа дека туристичката сезона во Хрватска пропаднала. Па луѓе мои, како да не пропадне кога топка сладолед е 7 евра, едно пиво 8 евра, обично макијато од 5 до 7 евра – не ми е јасно зошто сте изненадени. Се разбира дека никогаш не било полошо од оваа година. Намалете ги цените, па ќе ви биде подобро. Не можете да се збогатите преку ноќ“, вели тој.


Дека луѓето се согласни со неговото мислење, поткрепуваат и коментарите кои се нашле под неговото видео на „ТикТок“.

„Сопругата и јас бевме 12 дена во апартман и потрошивме 3.500 евра, а во Црна Гора 1.200“, „Прескапо е навистина“, „Безобразно високи цени“, „Жива вистина“, биле само дел од коментарите.