Во Нови Сад, питбул усмрти 56-годишен маж, неговиот син кој го поседува кучето е уапсен

Макфакс

15/07/2024

14:50

1.163

Големина на фонт

а а а

Во Нови Сад питбул териер го нападнал 56-годишниот З.Б. и нанел повреди од кои починал З.Б., додека сопственикот на кучето, неговиот 24-годишен син Г.Б. е уапсен поради сомнение дека сторил тешко дело против општата безбедност.

На Г.Б. му е одредена мерка притвор до 48 часа, по наредба на основниот јавен обвинител.

Како што соопшти новосадската полиција, питбул синоќа во семејниот стан го убил педесет и шестгодишниот татко на осомничениот.