Се огласи Алек Болдвин откако беше ослободен од обвинението за убиство: Не ги криеше емоциите во судницата, а сега има важна порака

Точка

15/07/2024

16:40

2.354

Големина на фонт

а а а

Алек Болдвин беше предмет на судење во процесот кој беше воден против него откако со пиштол реквизит ја уби снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“. Таа почина од повредите, а против актерот беше покрената кривична постапка.

По три години, процесот конечно заврши, а судијката од Ново Мексико го отфрли случајот кој се водеше против Болдвин за убиство од небрежност.

Поддршка во судницата и во текот на целиот процес му пружаше неговата сопруга Хиларија Болдвин, а имаше и критики за парот за кој многумина мислат дека ги измамија сите.


Хиларија беше покрај нејзиниот сопруг во текот на целата драма, која трае од 2021 година, а на донесувањето на конечната пресуда седела веднаш зад актерот.

Нејзината емотивна реакција и солзите радосници предизвикани од среќниот крај на оваа приказна останаа во сенка на видеото кое го објави Дејли Мејл, на кое јасно се гледа како таа му испраќа „тајни сигнали“ на нејзиниот сопруг.


Откако беше донесена одлуката, на нивната среќа ѝ немаше крај, а сега Алек реши да се огласи на социјалните мрежи и да ги изрази своите чувства.

„Има премногу луѓе кои ме поддржаа за да им се заблагодарам на сите сега. До сите вас, вие никогаш нема да знаете колку ја ценам вашата љубезност кон моето семејство“, напишал актерот на својот Инстаграм профил.


Под објавата се нижат реакции на луѓе кои верувале во неговата невиност и кои едвај дочекале да слушнат дека е ослободен од обвиненијата и дека ќе може да продолжи со својот нормален живот.