Минувале покрај двор, а потоа забележале нешто неверојатно! Камера снимила интересна глетка во Чешка

Точка

15/07/2024

16:12

5.329

Големина на фонт

а а а

На профилот на „Instagram“ на Мајк Оганесјан неодамна е објавено видео кои е го привлече вниманието на корисници, а снимено е во еден град во Чешка.

Авторот минувал со возилото покрај дворот и забележал, ни помалку ни повеќе, туку „MiG-21“, легендарниот советски ловечки авион од втората генерација.

Не е наведено дали авионот е во приватна сопственост, или можеби станува збор за музеј, но секако дека глетката е несекојдневна.

Корисниците оставиле бројни коментари, а најмногу ги интересира, сосема разбирливо, како човекот го набавил леталото.

Само во СССР биле произведени 10.158 примероци на ловци од втората генерација, иако и други држави имале свои погони за изработка на „MiG-21“, првенствено Чешка, Индија и Кина.

Станува збор за авион со турбомлазен мотор, кој во воздухопловната историја имал најмасовно сериско производство во својата категорија.