Барањето на најдобро место или сенка на плажа е вообичаена рутина на летен одмор, а една жена која изнајмува апартмани на Јадранот е бесна поради тоа.
Жената во 8 часот наутро бесно ја снимила ситуацијата во своето место, бидејќи наишла на „резервирани места со пешкири“, што многу ја вознемирило.
„Дали ова има смисла, јас сум на плажа, 8 часот наутро. Погледнете го ова, погледнете ги овие резервации. Видете, сите сакаме туристи, сите сакаме да трошат пари, но дали ова има смисла? Да нема каде да дојдам во 8:30 часот и да ставам пешкир бидејќи... Видовите на гости нема да ги именувам, но ќе кажам само дека моите Австријци и Германци се лути како кучиња. Ме молат, бидејќи јас сум единствена која зборува германски, нешто да направам. Катастрофа, катастрофа!“, вели жената додека ги снима пешкирите поставени еден покрај друг. На нив се ставени камења за ветрот да не ги оддува, а сопствениците ги нема.
Во коментари под видеото се јавиле многу луѓе, горе-долу со истиот совет - да ги земе пешкирите и да ги фрли.
„Местото е јавно, земете ги и фрлете ги. Ова може да се сфати како оставен или фрлен пешкир“, „Соберете ги сите пешкири и ставете ги на едно големо купче на крајот од плажата и оставете ги да претураат по цел ден додека не го најдат својот“, „Во Пула тоа е добро решено... Наутро доаѓаат комунални работници и тргаат сè. Утринско чистење на плажата“, се дел од коментарите кои го поддржуваат мислењето на жената која снима.
Но, има и такви кои не се согласуваат со мислењето на споменатата жена.
„Слушајте Австријците, Германците се лути како кучиња... Како да се многу подобри од нас Балканците. Ајде ве молам. Бесни се затоа што не ги третираат како кралеви, што не ги чека место“, „Доколку лежалка и чадор не се 30 евра, можеби луѓето би ги изнајмувале“, „Кој оди на море во Хрватска, самиот си е виновен. Плаќаш како будала и ништо не добиваш, оди во Грција за тие пари, таму си како бог“.