[ФОТО] Откриено лице на мистериозна египетска мумија

Точка

15/07/2024

11:31

11.021

Големина на фонт

а а а

Научниците го реконструирале лицето на таинствената мумија која е позната како позлатена дама.

Жена живеела во Египет под римска окупација и починала во 40-тите години, можеби од туберкулоза, а на нејзината мумија немало хиероглифи кои би го откриле нејзиното име, пишува „Daily Mail“.

За да се заштитат нејзините остатоци, никогаш не била одмотана, но прв пат била скенирана во 2011-та година, кога биле откриени нови детали за телото.

Сега нејзиното вистинско лице било откриено благодарение на реконструкцијата која ја спровеле научниците.

Цицеро Мораеш, главен автор на новото истражување, рекол дека реконструкцијата помогнала за внимателно зачувување на мумијата.

„Конструкцијата е многу добро сочувана, во првобитната состојба на откритието, без одмотување на мумијата. Нешто што привлекува внимание е присуството на кратка, виткана коса, што може да се види на томографската реконструкција. На почетокот го реконструиравме черепот, на основа на компјутерска томографија, а подоцна ја адаптиравме положбата на вилицата. Черепот ни овозможува да дизајнираме структури како што се носот, ушите, положбата на очите, границите на усните и друго, користејќи податоци од мерени томографски скенирања на живи луѓе“, рекол научникот.