[ВИДЕО] Планината Серта сè уште гори, полицискиот хеликоптер во 25 налети истури 38 тони вода врз огнот

Макфакс

14/07/2024

16:50

1.823

Големина на фонт

а а а

Полицискиот хеликоптер денес исфрли 38 тони вода за гаснење на пожарот на планината Серта кој и денес е активен, соопшти МВР.

„Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е сè уште активен на планината Серта. Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода,. Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот“, велат од Министерството за внатрешни работи.