[ВИДЕО] Поради детаљ од трејлерот, еден од најочекуваните филмови на годината доби низа негативни критики

Точка

14/07/2024

13:56

6.693

Големина на фонт

а а а

Продолжението на „Gladiator“ е еден од најочекуваните филмови годинава, но само неколку дена по објавувањето на трејлерот, филмот доби голем број негативни критики.

Имено, во продолжението на оригиналниот филм од 2000 година се појавуваат Пол Мескал и Педро Паскал, додека приказната е сместена две децении по завршувањето на таа верзија. На актерската екипа се приклучи и Дензел Вашингтон, а еден детаљ од трејлерот предизвика многу критики.

Досега има 14 милиони прегледи на Јутјуб, а она што посебно им пречи на многумина кои го погледнале трејлерот е изборот на музика.

Имено, во трејлерот може да се слушне песната „No Church in the Wild“ на Џеј-Зи и Канје Вест. Хип-хоп песната од албумот „Watch the Throne“ од 2011 година била избрана за филмот веројатно затоа што го вклучува текстот „Blood stains the Colosseum doors“ (Крвта ги замачкува вратите на Колосеумот).

Меѓутоа, бидејќи оригиналниот филм фаворизираше малку поинаква музика во однос на онаа од трејлерот, разбирливо е зошто на некои фанови на оригиналниот филм тоа толку им пречи.


Обраќајќи се на социјалните мрежи, незадоволните фанови напишаа дека очекувале во еден момент да се појави Вин Дизел во автомобил од франшизата „Fast and Furious“.

„Одличен избор на музика... Недостасува само Дом Торето да го обиколува Колосеумот во модифицирана кочија“, „Кој ја ставил таа песна во трејлерот треба да биде испратен во арена со лавови“, „Ужасен избор на музика“, гласат коментарите под видеото на Јутјуб.