По фијаското следува ладен туш за Бајден! Нов удар за американскиот претседател: Бараат да се повлече, донаторите замрзнуваат 90 милиони долари

Точка

13/07/2024

09:27

3.836

Големина на фонт

а а а

Донаторите најавија дека ќе задржат 90 милиони долари средства за Демократската партија доколку Џо Бајден не се повлече од претседателската трка, пренесува The Telegraph.

Тие пари чекаат на најголемиот политички комитет за Бајден, „Фјучер Форвард“, изјавија извори за „Њујорк тајмс“.

Аксиос објави дека клучните донатори ги префрлаат средствата во Конгресот, подалеку од Бајден.

Плановите на критичарите на Бајден да го „избркаат“ од функцијата се во тек откако постојано го повикуваа да се повлече од претседателската трка. Бајден, меѓу другите бројни гафови, ја нарече потпретседателката Камала Харис со (првото) име на Трамп и го „прекрсти“ Зеленски во Путин на прес-конференција за време на самитот на НАТО.


Некои од најблиските сојузници на Бајден, вклучувајќи го и Барак Обама, исто така се загрижени за неговата повторна кандидатура за претседател на САД. Но, тимот на Бајден силно го брани и е силно ангажиран да ја одржува неговата кампања во живот.

Бајден вечерва ќе одржи говор во Детроит, Мичиген, клучна држава која демократите треба да ја добијат на изборите во ноември.

Тој, исто така, на своето појавување на самитот на НАТО во четвртокот инсистираше дека повторно ќе се кандидира и ќе победи, и покрај загриженоста за неговата напредна возраст и здравје по катастрофалниот настап во дебатата со Трамп пред две недели.

Но, бројните гафови, вклучително и нарекувањето на Камала Харис „Потпретседател Трамп“, многумина се сомневаат во неговата подготвеност за втор мандат.


Бројот на членовите на Претставничкиот дом кои го повикуваат Бајден да не се кандидира порасна на 20.



Спонзорирани линкови

Маркетинг