Ролнички од модар патлиџан: Во комбинација со фета ќе добиете вкусно и многу декоративно јадење

Точка

12/07/2024

17:34

46.942

Големина на фонт

а а а

Речиси сите го обожуваме модриот патлиџан во сите облици, а овие ролнички со фета сирење се совршено летно јадење.

Вкусот на овие ролнички од модар патлиџан ќе ве убеди дека нивната подготовка вреди секоја минута во кујната.

Потребни состојки:

- 2 поголеми модри патлиџани
- 500 гр. фета сирење
- 1 чаша кисела павлака
- 4 чешниња лук
- маслиново масло
- 2 врзопи магдонос
- сок од лимон
- сол и црн бибер


Подготовка:

1. Модрите патлиџани измијте ги, исушете ги и исечете ги по должина на тенки ленти. Секоја лента посолете ја и оставете ги околу половина час да пуштат вода, а потоа добро исушете ги.

2. Парчињата модар патлиџан испржете ги на маслиново масло и ставете ги на кујнска хартија да го впијат вишокот маснотии.

3. Изгмечете го фета сирењето, додајте ја киселата павлака и иситнетиот лук. Зачинете со сол и бибер и добро измешајте. На секоја лента модар патлиџан ставете една лажица од филот и замотајте ги во ролнички.

4. Магдоносот ситно исечкајте го, посолете го и додајте го сокот од лимон и малку маслиново масло. Добро измешајте и со тоа прелијте ги ролничките со фета.