Многу стари домашни серии и филмови изобилуваат со актери кои почнале во нив како деца, а никогаш повеќе не сме ги виделе.
Тоа е случај и со Марко Стојилковиќ, кој го толкувал ликот на Давид во популарната серија „Полицаецот од Петлово брдо“, која се емитувала во периодот од 1993 и 1994 година.
Давид бил едно од петте деца на Бошко Симиќ, кој во серијата бил портретиран од легендарниот Љубиша Самарџиќ. Некои го сакале, други не, но никој не останал рамнодушен на синот на познатиот полицаец и адвокатката Наталија (Неда Арнериќ).
Денес, Марко нималку не наликува на ликот кој го прославил. Тој пуштил брада, носи очила, па многумина не би го препознале на прв поглед.
Се појавил и во една епизода од серијата „Отворена врата“, но немал повеќе улоги. Тој целосно се повлекол од актерството и денес ретко се појавува пред камерите.
Сепак, тој останал во светот на кинематографијата – денес е филмски критичар, поради девојката се преселил во Словенија, а во Белград доаѓа само кога се одржуваат филмски фестивали.