Не дозволувајте летната еуфорија да ве понесе и да заборавите на негата на својата кожа. Точно е дека сонцето е многу корисно, дека создава позитивно чувство и има значајна улога во формирањето на витаминот Д, кој е важен за структурата на коските, но истовремено е и опасно, бидејќи ги оштетува клетките на кожата, предизвикува предвремено стареење, а и разни алергии.
Кожата помни, велат дерматолозите, и токму поради тоа треба денес, постојано да се грижиме за неа. А особено да внимаваме на детската која е многу потенка од онаа на возрасните..Токму за таа цел сакаме да споделиме неколку совети со Вас:
- Настојувајте производот за заштита од сонце да го нанесете пред да излезете на сонце. Препорачливо е истиот да го нанесувате на секои два часа, бидејќи истиот делумно се отстранува после капење, од потење и бришење со пешкир.
- Употребувајте висок заштитен фактор, носете шапка и наочари за сонце, и избегнувајте директно изложување на сонце меѓу 11 и 15 часот, па дури и кога е облачно.
- Нанесувајте на секој дел од телото. Не ретко се случува да заборавиме на вратот, на стапалата, на ушните школки..и секако грбот кој е најдиретно изложен на сонце.
- Високот заштитен фактор значи дека обезбедувате подолго време заштита од штетните сончеви зраци, но секогаш имајте ги во предвид карактеристиките на вашата кожа. Колку е повеќе светла вашата кожа и чувствителна треба почесто да користите заштитини средства и такви со повисок фактор.
- Доколку сте склони кон алергии, користете Еуцерин крем гел за заштита од алергии со СПФ 50. Овој медицински производ содржи Ликохалкон А кој го зајакнува природниот заштитен систем на кожата.
- После пилинг и ласерски трeтман избгенувајте сонце најмалку неколку дена
- Негата во лето не завршува со употреба на средставата за заштита од сонце. Од водата и сонцето вашата кожа на телото е потемнета, затегната, мека..но токму во овој период потребно е да употребувате и лосион за нега, кој ќе ја навлажни и подхранува кожата. Иновативниот Eucerin In Shower® pH5 Лосион за тело за под туш од линијата на Eucerin® pH5 нега за чувствителна кожа се нанесува на влажна кожа, по предходно измивање со гел за туширање. Иновативната формула овозможува кожата многу брзо да го апсорбира со што се обезбедува практична заштеда на време, а кожата е хидрирана.
- Наместо да комбинирате пудра, и средство за заштита од сонце, Ви препорачуваме крем за заштита од сонце со нијансирачки ефект и СПФ 50, кој обезбедува нежен, природен и изнијансиран изглед на тенот.
Комерцијален текст