[ВИДЕО] Објавен трејлер за еден од најочекуваните филмови оваа година: Доаѓа „Gladiator II“

Точка

10/07/2024

15:46

2.681

Големина на фонт

а а а

Објавен е трејлер за „Gladiator II“, еден од најочекуваните филмови на годината. Режисер е Ридли Скот.

Ова продолжение на „Gladiator“ од 2000 година настанало според приказната на Питер Крег и Дејвид Скарпа. Главните улоги ги толкуваат Пол Мескал, Педро Паскал, Кони Нилсен и Дензел Вашингтон.

Приказната го следи Луциј, поранешен наследник на Римската империја, кој станува гладијатор откако римската војска предводена од генералот Маркус Аурелиј го напаѓа неговиот дом.

Преговорите за снимањето на продолжението на „Gladiator“ започнаа уште во 2001 година, а конечно беше најавен во 2018 година. Снимањето траело од јуни 2023 година до јануари 2024 година, со прекин поради штрајкот на филмските работници во Холивуд.

„Gladiator II“ пристигнува во кината во Велика Британија на 15-ти ноември оваа година. Во американските кина ќе се прикажува од 22-ри ноември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг