Познато е зошто Мбапе не носеше заштитна маска против Шпанија

Дерби

10/07/2024

13:55

1.890

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе против Шпанија играше без заштитната маска која ја носеше откако го скрши носот на првиот натпревар на ЕП против Австрија.

Иако се стравуваше дека ќе го пропушти турнирот, тој брзо се врати на теренот.

„Апсолутен ужас. Тоа ми го стеснува видното поле и ја задржува потта. Се чувствувам како да го гледам еврото во 3Д“, изјави неодамна Мбапе.

Поради тие проблеми со маската, Мбапе одигра без неа против Шпанија. По елиминацијата на Франција од ЕП, на новинарите им објасни зошто настапил во полуфиналниот меч без заштита за повредениот нос.

„Донесовме одлука пред натпреварот. Маската ми одеше на нерви. Го прашав докторот дали можам да играм без неа, а тој ми рече дека можам да правам што сакам“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг