Полицијата тврди дека и е потребен бесплатен пристап на профилите на „OnlyFans“, а објасниле и зошто.
Инспекторите предупредуваат дека платформата, со седиште во Велика Британија, која првенствено ја користат сексуални работници, можеби не ги пријавува сите материјали за сексуално злоставување на деца на сајтот, пренесува „Reuters“.
Полициските инспектори тврдат дека поединечните нивоа на претплата, кои креаторите ги користат за собирање на пари, ги попречуваат нивните напори да добијат попрецизна слика за ситуацијата.
„Не станува збор за само еден „paywall“. Тоа е „paywall“ за секој поединечен креатор на „Onlyfans“. Освен тоа, многу е тешко да се добие содржина која се наоѓа за „OnlyFans paywall"“, вели директорот на форензичките консултанти Треј Амик.
„Reuters“ откри дека од 30 случаи кои новинската агенција ги прегледала во врска со „CSAM“ на „OnlyFans“, повеќе од половина резултирале со апсење, а три завршиле со кривични пресуди.
Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC); непрофитна организација која ја основал Конгресот во 1984-та година има целосен пристап до профилите, вели портпаролот на „OnlyFans“. Компанијата исто така свесно и овозможува на полицијата пристап до повеќето податоци, вклучувајќи содржина и директни пораки.
Меѓутоа, тоа важи само за профили кои се под активна истрага. Сите други неозначени профили ќе останат заштитени, открива „Reuters“. Тоа е нерешлива загатка. Од една страна, клучно е децата да се заштитат од експлоатација. Од друга страна, давањето на неограничен пристап на полицијата до платформата на која корисници плаќаат за експлицитна содржина, поставува јасни прашања за приватноста.