[ВИДЕО] Дерматолог објаснува колкава количина всушност треба да нанесуваме од кремите со заштитен фактор

Точка

08/07/2024

20:19

4.542

Големина на фонт

а а а

Кремите со заштитен фактор треба да ги нанесуваме во текот на целата година, особено во текот на летото кога влијанието на УВА и УВБ зраците е значително посилно и поопасно.

Дерматологот д-р Александра Браун сподели корисни совети на својот Инстаграм профил и откри колкава количина на крема за сончање всушност треба да користиме за правилно да се заштитиме.

За правилно да го заштитите целото тело, треба да нанесете количина на крема која ја собира во една просечна чаша за „кратки“ и жестоки алкохолни пијалаци. За заштита на лицето и вратот треба да нанесете количина на крема со должина од два прста, доколку се работи за покремаста заштитна крема.

Меѓутоа, ако користите креми кои се потечни и имаат текстура налик на лосион, Браун советува наместо две, да ставите крема со должина од четири прсти за правилно да го прекриете и заштитите подрачјето на вратот и лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг