Биелса држи лекции: Фудбалот не е само пет минути „хајлајтс“…

Дерби

08/07/2024

13:29

1.603

Големина на фонт

а а а

Марсело долго време е во светот на фудбалот како скаут и тренер, има огромно искуство, има минато низ многу предизвици во кариерата и дефинитивно може да направи јасно резиме, заклучок за доста работи кога е во прашање најважната споредна работа на светот.

На Аргентинецот воопшто не му се допаѓа во кој правец се движи фудбалот и покрај тоа што овој спорт и понатаму е доста популарен.

- Фудбалот има се повеќе гледачи, но станува се помалку атрактивен. Она што ја направи оваа игра најдобра во светот, веќе не е најважна работа. Тогаш овој процес ќе биде заврши.

- Фудбалот не е само пет минути хајлајтс. туку многу повеќе. Тоа е култура, идентификација… Можеби има Уругвајци кои ги гледаат само најинтересните детали од натпреварите на репрезентацијата, но тоа нема врска со суштината што го натера населението да се заљуби во фудбалот.

- Треба да го игнорираме сценариото што ни го предлагаат, каде контроверзите, обвинувањето, утврдувањето кој е виновен, ќе стане опсесија која ја влошува атмосферата во која треба да биде фудбалот, - истакна селекторот на Уругвај.

Уругвајците се пласираа во полуфиналето на Копа Америка каде силите ќе ги одмерат со Колумбија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг