Масовно пукање во Америка: 4 лица убиени, неколкумина тешко ранети

Макфакс

06/07/2024

17:09

1.316

Големина на фонт

а а а

Најмалку четири лица се убиени, а убиен е и осомничениот напаѓач, по масовното пукање што се случи рано утринава во американската сојузна држава Кентаки, пренесе Фокс 19, повикувајќи се на полицискиот оддел во Фиренца.

Пукањето се случило утрово по локално време во дом на Риџкрест Драјв.

Кога полицијата пристигнала на местото на инцидентот, пронашла најмалку четири мртви и уште неколку ранети.

Осомничениот наводно побегнал од местото каде што се пукало, следела потера, но возилото слетало во ендек.

Полициските службеници утврдиле дека тој си нанел прострелна рана од огнено оружје, поради што бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт, јавува Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг