Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Макфакс

06/07/2024

17:09

1.214

Големина на фонт

а а а

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт.

„Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции. Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени“, велат од ДКСК.

Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива.

Комисијата, како што велат, се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.

„Целта на овие проверки е, да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси. Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг