Уредот што го промени слушањето музика! Вокменот беше престижна работа, а еве како е создаден!

Точка

03/07/2024

20:27

1.546

Големина на фонт

а а а

Револуционерното откритие и некогаш хит меѓу тинејџерите на 1 јули наполни 45 години.

Во далечната 1979 година, луѓето се запознаа со познатиот Вокмен. Тогаш иновативен уред кој целосно го смени правецот на уживање во музиката.

Пред појавата на Вокменот, луѓето беа ограничени на мали преносливи радија за слушање музика во движење, што значеше дека сите ја слушаа истата станица. Првиот Вокмен имал два приклучоци за слушалки и копчиња за јачина на звук.


Имено, воведени се два влеза за слушалки за да можат корисниците да уживаат во музика заедно без да се чувствуваат непристојно слушајќи изолирано.

Вокменот не само што овозможи нов начин на слушање музика во движење, туку создаде и нова култура на користење слушалки.


Инженерите Нобутоши Кираха и Козо Осоне ги дизајнираа слушалките инспирирани од диктафон за новинари бидејќи тогашниот потпретседател на компанијата, Масару Ибука, сакал да ужива во операта за време на службените патувања.

Вокменот брзо стана популарен меѓу тинејџерите во осумдесеттите, станувајќи симбол за престиж.

Со развојот на преносни "CD" и "MP3" плеери, популарноста на Вокменот опадна. Потоа, во 2010 година, производството на верзијата со касети беше прекинато, но дигиталната еволуција на овој легендарен уред продолжи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг