[ВИДЕО] Вака во иднина роботите ќе прават автомобили

Точка

02/07/2024

20:09

2.379

Големина на фонт

а а а

Хуманоиден робот се обучува за тоа што еден ден би можело да биде работа со полно работно време – во фабрика за автомобили на „BMW“.

Американската компанија која стои зад роботот „Figura 01“ кој работи на вештачка интелигенција, го обучува за создавање на делови на автомобили.

Процесот покажува како 167 центиметри висок робот кој може да работи пет часа со едно полнење, учи да фаќа големи, сложени облици со свои прсти со гумени врвови

Роботот поставува голема плоча на шаблон и ја извршува задената задача. Подоцна, зема две помали парчиња пред да сфати дека се погрешно завртени.

Роботот потоа повторно ги израмнува со шаблонот и ги фиксира на правилен начин. Обуката се врши во фабриката „Spartanburg“ на „BMW“ во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг