На „Google Translate“ додадени повеќе од 100 загрозени јазици, меѓу нив и ромски

Точка

02/07/2024

14:36

1.400

Големина на фонт

а а а

Околу четвртина јазици кои се додадени се од Африка, а сите 110 дополнителни јазици ги користат околу 614 милиони луѓе во светот.

Компанијата „Google“ објавила дека додала 110 загрозени јазици на својот сервис за преведување „Google Translate“, меѓу кои се и сицилискиот дијалект на италијанскиот јазик, ромски и бретонски јазик.

Околу четвртина од јазиците кои се додадени се од Африка, а сите 110 дополнителни јазици ги користат околу 614 милиони луѓе во светот, пренесува „Euronews“.

Регионалните јазици од Франција, меѓу кои е и бретонски, кој се зборува во Бретања, и окситански јазик, кој се зборува на југот на Франција, се нашле на листата.


Сицилискиот и венецијанскиот дијалект на италијанскиот се исто така додадени, како и севернолапонскиот јазик кој се зборува во северните делови на Скандинавија.

Додаден е и ромскиот јазик, кој има многу дијалекти, а кој го користат околу 4,6 милиони луѓе во Европа, пренесува „Euronews“.

Исто така, на листата се нашол и јазикот манкс, говорен јазик на островот Ман, кој речиси исчезнал, бидејќи последниот човек кој изворно го зборувал починал во 1974-та.

Како што се наведува, преведувањето на овие јазици отскокнува од класичното, поради што „Google“ користи вештачка интелигенција која на која и се потребни малку податоци во вид на текстови од книги или статии. Меѓутоа, кога се ретките јазици во прашање, такви извори нема многу.


„Google“ во 2022-ра година соопшти дека долгорочната цел му е да направи модел на „AI“ кој ќе поддржува 1.000 најкористени јазици.

Но, „Google“ не е единствената компанија која се занимава со зачувување на ретки јазици.

Така „Microsoft“ во 2022-ра година ја лансирал платформата „Microsoft Language Bank“ со напомена дека речиси половина од светските јазици се загрозени.

Институтот за загрозени јазици „Living Tongues Institute for Endangered Languages“ во соработка со аудио компанијата „Shure“ ја започнал кампањата „No Voice Left Behind“ за промоција и зачувување на јазиците во зафрлените региони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг