[ВИДЕО] „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме

Точка

01/07/2024

15:08

8.835

Големина на фонт

а а а

Видео од чинот е објавено на социјалните мрежи од извесен Изет Шулку кој се претставува како албански државјанин.

„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.

Настанот се случил пред два дена, а на видеото може да се забележи дека Шулку кој го отстранува македонското знаме, е придружуван од уште неколку други лица.

На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.

Ја очекуваме официјалната реакција на МВР за овој инцидент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг