[ФОТО] Сабрина е првата слепа пилотка на светот: Управува со авион, сите се прашуваат како, а за неа важат специјални правила

Точка

01/07/2024

13:51

4.111

Големина на фонт

а а а

Сабрина Пепа е жена која докажала дека остварувањето на соништата е можно и покрај се. Нејзината приказна која е прикажана на ТВ Прва во емисијата „Galileo“ го шокираше светот – таа е слепа, но тоа не и претставува проблем да управува со авион.

Во емисијата возела авион „Cesna“ со четири седишта и тоа за неа претставувало голем предизвик бидејќи досега имала само еден час на овој модел на летала. Таа обично лета со други авиони, разлики има, но таа на секој лет му пристапува внимателно и без потценување.

„Секогаш сум возбудена бидејќи единствено место каде што сакам да бидам е на небото, во авион. Тоа е единствено место каде што се чувствувам добро и слободно“, рекла Сабрина.


Со кој авион и да управуваат, пилотите секогаш пред полетувањето минуваат низ чек-листа. Нејзината листа е малку поинаква и специјално направена за неа, на Брајова азбука.

Постојат уште неколку работи кои се поинакви за Сабрина и за регуларните пилоти кои гледаат. Таа исто така секогаш мора да биде во придружба на инструктор, поради што никогаш нема да има целосна пилотска дозвола, а тој е како копилот кој секогаш и во секој момент може да интервенира.


Дозволено и е да лета само по убаво време, кога нема ветар, што е дел од безбедносните мерки. Репортерката Криси била на овој лет, истакнала дека и верува на Сабрина но дека и натаму се чувствува чудно.

„Безбедноста е најважна работа бидејќи летањето е забавно, но мора да бидеме одговорни. Не се шегуваме и не дозволуваме слепа жена сама да управува со авион за да видиме што ќе се случи, работите ги сфаќаме сериозно“, додала Сабрина.


Сабрина веќе има речиси 100 часа летање. За споредба, за да станат комерцијални пилоти, на студентите им се потребни најмалку 150 часа летање, во зависност од типот на авионот и авиокомпанијата. По затворањето на вратите, се врзуваат појаси и се извршува чек-листа по која следи полетувањето. Копилотот и инструктор Клаудио го доведува авионот на писта и во вистинската позиција. Специјалната метода „колено“ стапува во акција. Неговата рака е на коленото на Сабрина. Во зависност во која насока авионот треба да лета, тој ја турка раката на лево или на десно за Сабрина да знае на која страна да го заврти леталото.