Маж со нож нападнал полициска патрола во Германија, убиен е

Макфакс

01/07/2024

09:44

678

Големина на фонт

а а а

Маж вчера со нож нападнал тројца полицајци во близина на Нирнберг во Германија. Тој почина откако беше застрелан од полицијата на железничка станица, изјави портпаролот на полицијата.

Тој починал на местото на настанот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот.

Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициски автомобил во патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој тргнал кон нив.

„Имаше нож“, рече портпаролот.

Портпаролот рече дека нема повредени полицајци и не даде детали за тоа колку истрели биле испукани, кој испукал или каде бил погоден човекот.

Тој, исто така, првично не го коментираше идентитетот на напаѓачот или позадината на неговиот напад.

Според портпаролот на полицијата, просторот пред станицата е ограден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг