[ФОТО] Јапонија лансираше напреден сателит со специјална намена

Точка

01/07/2024

09:41

1.374

Големина на фонт

а а а

По успешното лансирање на 17 февруари и шокантниот неуспех на првиот обид пред една година кога ракетата мораше да биде уништена со товарот, ова е трето лансирање со помош на ракетниот систем "H3".

Јапонија денеска лансираше надграден сателит "ALOS-4" на новата ракета "H3" за набљудување на Земјата и одговор на природни катастрофи и други безбедносни предизвици.

Ракета "H3 No. 3" полета од вселенскиот центар Танегашима на истоимениот остров во југозападна Јапонија и го ослободи сателитот како што беше планирано 16 минути по полетувањето, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA), пренесува АП.

Напредниот сателит за набљудување на Земјата, наречен "ALOS-4", беше лансиран за да ја набљудува Земјата и да собира податоци за одговор при катастрофи и мапирање, но исто така е способен да следи и воени активности со помош на користење на инфрацрвен сензор развиен од јапонското Министерство за одбрана.

По успешното лансирање на 17 февруари и шокантниот неуспех на првиот обид пред една година кога ракетата мораше да биде уништена со товарот, ова е трето лансирање со помош на ракетниот систем "H3".

Јапонија развива стабилни и комерцијално конкурентни капацитети за вселенски транспорт и ги смета за клучни за нејзината вселенска програма и националната безбедност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг