Германски "Kicker": Темната страна на ЕУРО

Точка

29/06/2024

13:03

4.852

Големина на фонт

а а а

Германскиот портал „Kicker“ издвои одредени нелогичности кога е Европското првенство во прашање.

Како решение го наведува проширувањето на досегашниот формат од 24 на 32 репрезентации по примерот на Светското првенство. Иако, следниот планетарен преглед ќе собере 48 селекции.

„Темната страна на ЕУРО, која беше особено мрачна во средата“, пишува овој медиум.

Тие наведуваат дека е нарушен интегритетот на натпреварувањето од повеќе причини, а во преден план е ставено „договореното“ реми меѓу Словачка и Романија.

Овие две селекции уште пред последното коло знаеја дека нерешено ќе ги однесе понатаму, па го одиграа со резултат 1:1.

Како што беше посочено, проблем е и во тајмингот на натпреварите кога е во прашање пласманот на третопласираните екипи.


Четири од шест репрезентации се пласираат во нокаут фазата, но не ги играат натпреварите во исто време, туку натпреварите се „растегнати“ со денови.

На „Kicker“ не му се допаѓа што во осминафиналето некои второпласирани селекции вкрстуваат со второпласирани, а не со првопласирани.

Ваквото сценарио го сметаат за неправедно и неразбирливо.

Како решение, како што беше речено, ја наведуваат идејата на Андреас Мелер, поранешен германски репрезентативец, кој смета дека на ЕУРО треба да има 32 учесници.


Така натпреварувањето би имало осум групи од по четири екипи, а првите две екипи би напредувале.

Сепак, она од што стравува Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е „разводнувањето“ на форматот.

Тешко е да се поверува дека УЕФА брзо ќе го усвои новиот формат на ЕУРО, бидејќи на тој начин би се загрозил факторот на атрактивност на натпреварувањето.

„Kicker“ смета дека тоа би било добро решение бидејќи малите тимови ги убедија сите во Германија дека не треба да се отпишуваат.

Но, има и друга струја, која вели дека 24 репрезентации на завршниот турнир се премногу и дека не требало да се менува форматот кој ги собира 16-те најдобри на стариот континент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг